(ВИДЕО) Тачи бара Анектна комисија и да ја води пратеник од неговата партија

од desk3
105 прегледи

 

Претседателот на Партијата на европските социјалисти Сергеј Станишев денеска во Скопје се сретна со претставници на албанскиот политички блок. Станишев се сретна со вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими, со кој, според соопштението од кабинетот на Бесими, било разговарано за последните случувања во земјава и за евроинтеграциите на Македонија.

По средбата со ДПА, лидерот на партијата Мендух Тачи изјави дека разговарале за можниот излез од политичката криза, кој Тачи го гледа во формирање на анкетна или истражна комисија во парламентот.menduh_thaci_NEW_260758745

Тој бара претседателот на таа комисија да биде пратеник од ДПА затоа што , како што вели, нивната партија не е инволвирана во случувањата и бара сите документи да завршат во суд каде транспарентно секој би можел да има увид во нив. Тачи додаде дека не може да се очекува вонредни парламентарни избори или техничка влада затоа што тие поими треба да бидат завршеток на дијалогот а не почетокот бидејќи има посуштински прашања за кои треба да седнат четирите партии да разговараат како избирачкиот список, контролата врз медиумите и независноста на судството.

„ Да не бидам пророк, но и предвремени избори да има, не верувам дека друга политичка партија ќе биде главна.“

Видео: НОВА