Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА) Мендух Тачи денеска во седиштето на партијата одржа одвоени средби со неколку странски дипломати.
Тачи, како што соопштија денеска од партијата, се сретнал со членови на делегација на Министерството за надворешни работи на Франција предводена Ерик Фурниер, директор за континентална Европа на француското МНР, Лоренс Оер амбасадор на Франција во Македонија, Доменик Готијер прв советник во Амбасадата на Франција, како и Ивана Нифенгер, советник на Одделот за Балканот во француското министерство за надворешни работи.
Претседателот на ДПА имал средба и со бугарскиот амбасадор во Скопје Иван Петков и неговиот советник Светослав Валчев, како и со словенечкиот амбасадор Бранко Раковец, кој на средбата бил придружуван од заменик-амбасадорот Домен Петелини.
На средбите станало збор за актуелната политичка ситуација, неодамнешните настани, како и за и процесите за излез од актуелната криза во земјата.
Тачи ги информирал соговорниците за ставовите на ДПА во врска со политичката ситуација во земјата и процесите кои се одвиваат за излез од сегашната криза, како и, како што се посочува во соопштението, предлогот на ДПА со кој би се решиле внатрешните проблеми и би забрзал процесот на интеграција на земјата во Евро-атлантските структури, НАТО и ЕУ. /МИА
