Тачи: Обединувањето на Митровица е незапирлив процес

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Претседателот на Косово, Хашим Тачи изјави дека процесот за обединување на Косовска Митровица е незапирлив.

Тачи, кој се наоѓа во Давос на Светскиот економски форум, на Фејсбук напиша дека имал средба со градоначалникот на Јужна Митровица, Агим Бахтири и притоа констатирале дека граѓаните „го кажале своето“ за тоа прашање.

– Сега е ред на институциите, Владата, Собранието и претседателот, напиша Тачи.

Инаку, Тачи, вчера на прес-конференција, зборувајќи за територијалното разграничување со Србија, рече дека Косовска Митровица, Трепча и Газивода ќе останат дел од Косово и по евентуалното потпишување на договорот за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина.

Иницијативата за „обединета Митровица“ ја покрена Бахтири кон крајот на минатата година. Јужниот дел на Митровица е населен претежно со Албанци, додека северниот претежно со Срби.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја отфрли таа иницијатива, по што Бахтири до претседателот на косовското Собрание, Кадри Веселиму достави петиција со потписи од граѓаните за поддршка на ваквиот предлог.