Тачи се изјасни за невин на почетокот на судењето на поранешните лидери на ОВК

од Stefanija Kuzmanovska
157 прегледи

Поранешните водачи на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими денеска се изјаснија за невини по точките од обвинението, на почетокот на судењето пред Специјализираните совети на Косово во Хаг.

„Го разбирам обвинението, и во потполност не сум виновен“, рече Тачи пред судијата, а истото го кажаа и другите тројца обвинети.

Јакуп Красниќи додаде дека „помогнал да се разбере обвинението, имајќи го предвид какво е тоа“ и се пожалил на одлагањето на почетокот на судењето.

Слични содржини