Тачи: УЧК водеше праведна војна

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, испрати писмо со оставка до претседателот на Собранието, Вјоса Османи, премиерот Авдулах Хоти и претседателот на Уставниот суд на Косово, Арти Хајризи, и како една од причините за таа одлука, тој наведе заштита на идентитетот и достоинството на претседателот на Косово.

Во писмото испратено откако на прес-конференција во четвртокот објави дека поднесува оставка поради потврда на обвинението на Специјалниот суд за воени злосторства во Хаг, тој наведува дека е горд на целата работа што ја сторил „за слобода, независност и модернизација на Косово“.

„Убеден сум дека моите соборци и другари и ќе излеземе од овој процес со чисто лице и дека ќе биде потврдено дека водевме праведна војна на [поранешната] Ослободителна војска на Косово [УЧК]“, се вели во писмото, пренесе Косово онлајн .

Слични содржини