Тачи утре ќе се појави пред Хашкиот суд, барал рочиштето да биде пред 10-ноември

од Nikola Popovski
495 прегледи

Еден од основачите на терористичката паравоена единица на Косово и Метохија, ОВК, Хашим Тачи, утре за првпат ќе се појави пред судијата за претходната постапка на Специјализираните комори на Косово, со цел да се запознае со обвинението и да се изјасни околу тоа дали се чувствува виновен.

Откако беше уапсен во Приштина и пренесен во притворската единица во Хаг на 5 ноември, според тамошните документи, Тачи побара да биде сослушан пред вторник, 10 ноември, но не е прецизирано од кои причини.

Судот го одобрил неговото барање. Тачи пред судот ќе биде застапен од адвокатот Денис Хопер, кој веќе поднел одредени приговори до судот, чија содржина засега не е објавена.

На неговото прво појавување пред судијата утре во 15 часот, на Тачи ќе му биде прочитано преработеното обвинение, во кое заедно со Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, се товари за разни видови кривична одговорност за воени злосторства и злосторства против човештвото.

После тоа, судијата ќе го покани да се изјасни за виновен за обвиненијата против него. Тачи може веднаш да се изјасни за виновен или во рок од 30 дена, на ново рочиште.

На почетокот на ова рочиште, судскиот фотограф ќе има право да го фотографира на обвинителна клупа, а јавноста ќе може да го следи сослушувањето на Интернет преку веб-страницата на Специјализираните комори.

Слични содржини