Тачи во официјална посета на САД

од Vladimir Zorba
198 прегледи

Косовскиот претседател Хашим Тачи отпатува за Соединетите држави за да се сретне со претставници на американската администрација, да учествува на дебати и да се сретне со претставници на организации влијателни во надворешната политика на САД, соопштија денеска од претседателството.

Се додава дека Соединетите држави го вратиле вниманието кон Косово и регионот со ангажирање во постигнување на конечен мировен договор меѓу Косово и Србија, како и отворање можности за странски инвестиции и економски развој.

Пред да замине, Тачи рече дека Косово е „среќно“ што САД остануваат посветени на одржување на мирот и стабилноста на Косово и во регионот, додавајќи дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп, поддршката на државниот секретар Мајк Помпео и директното учество на амбасадорот Ричард Гренел се „охрабрување за нас“.