Претседателот на Социјалдемократската партија на Србија (СДС), Борис Тадиќ, изјави дека одлуката дали да се кандидира за претседател на Србија ќе биде донесена наспроти оценката дали другите кандидати би можеле да го победат Александар Вучиќ и успешно да се соочат со огромните предизвици што ќе останат по оваа влада.
„Зад нив останува длабоко криминализирано и срушено општество и затоа денес не е доволна само победа, туку и јасна политика, вредности и знаење за радикално да се променат работите во Србија“, изјави Тадиќ за српски „Курир“.
Како што наведе, за тоа пред се е потребна храброст, а конечната одлука за неговата претседателска кандидатура ќе биде донесена на разговори внатре во партијата и со коалиционите партнери.
„На одлуката секако ќе влијае оценката дали и колку можам да придонесам со мојата кандидатура да се пласирам во вториот круг“, рече Тадиќ.