Тадиќ: Војната може да се прелее и на Западен Балкан

од Vladimir Zorba
266 прегледи

Списокот „Ајде луѓе“ достави потписи за кандидатурата на Борис Тадиќ за претседател на Србија до Републичката изборна комисија.

Тадиќ рече дека му е чест што денеска добил над 11.000 потписи и дека пред граѓаните излегува со „чист образ“, нагласувајќи дека работите во Србија мора да се променат.

„Во Србија мора да се смени политичката култура која е на многу ниско ниво и дека се што беше постигнато на 5 октомври беше поништено од актуелната власт“, оцени Тадиќ.

Тој рече дека граѓаните се исплашени поради кризата во Украина и дека Србија треба да биде против руската агресија и да го поддржи територијалниот интегритет на Украина, но дека треба да се одржуваат пријателски односи со сите.

„Војната може да се прелее и на Западен Балкан“, оцени Тадиќ, наведувајќи дека „внимателно набљудува“ како владата „шири паника“, а потоа „го гаси огнот“.

Тадиќ беше поддржан од Новата партија, Обединетото зелено движење на Србија и движењето „1 од 5 милиони“.

Слични содржини