Тага и песни пред омилената кафана на Џеј (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
549 прегледи

Најдобриот пријател на покојниот пејач Џеј Рамадановски, Миша Софтиќ, заедно со друштво на пејачот од Дорчол, вечерва организираа собир пред кафулето „Цезар“, чиј сопственик е тој, вочест на легендарниот фолкер.

Досега околу сто луѓе се собраа пред кафулето. Постои и видео бим на кој се менуваат фотографиите на Џеј, а неговите најголеми хитови се вртат на звучниците. Варена ракија им се сервира на присутните во чест на покојниот пејач.

Џеј Рамадановски беше редовен гостин во „Цезар“, воден од неговиот најдобар пријател Миша Софтиќ, инаку сопруг на актерката Аница Добра.

Со звуците на неговата „Недеља„ која ја свиреа 50 виолини беше испратен Џеј денеска во вечното почивалиште. Последна почит му изразија неговите колеги и семејството.

Џеј почина во неделата во неговиот дом на 56-годишна возраст од срцев удар.

Слични содржини