Таткото на Двејн Џонсон, професионалниот борец Роки Џонсон, почина во 76 година, пишува Метро. Причината за смртта засега е непозната.
Веста за смрта на борачот ја објави американската фирма која се занимава со професионално борење „World Wrestling Entertainment“.
„Тажни сме бидејќи Роки почина. Изразуваме сочувство до семејството Џонсон, пријателите и фановите“, напишале тие на социјалните мрежи.
Во почетокот на кариерата Роки наидувал на критики, но кога се пробил, му помогна и на својот син да стане борач. Потоа Двејн започна да се занимава со глума и стана еден од најуспешните актери.
Роки е роден во мал град во Канада, а славата ја стекна во осумдесетите години. Се бореше против големите боречки ѕвезди како Грег Валентајн, Дон Мурако, Адриан Адонис, Тони Атлас…