ff97f1a3721d3d86a586ec55d5544680 (1)

Тоа ја прави третата најголема пустина на целата кинеска страна . Иако многу малку луѓе надвор од територијата на Кина знаат за Бадаин Џара, таа е позната со највисоките неподвижни дини во светот.

Некои од овие дини имаат височина од над 500 метри! Пустината има исклучително сува клима со оскудни годишни врнежи.Некои од дождовите дури испаруваат уште пред да достигнат до земјата. И покрај сувата клима сепак, едно од најзначајните работи во Бадаин Џара е присуството на околу 140 постојани езера лоцирани меѓу дините .

Токму езератаго дале името на пустината, која на монголски јазик значи “таинствени езера” . Се смета дека мистериозните езера се напојуваат од подземни извори , чии извори пак се врнежите и топењето на снегот во планините, кои се наоѓаат на стотици километри.

Иако езерата се напојуваат со свежа вода, таа во нив не може да се нарече токму таква. До одреден степен тоа се должи на високата брзина на испарување, а промената на бојата се објаснува со присуството на алги, ракчиња и минерали. Таинствените езера обезбедуваат вода за камили, кози и коњи , кои патуваат со номадите низ пустината.

 

Во последните децении некои од овие езера се смалени или дури се исчезнати како резултат на намалувањето на подземните води. Тоа, пак, е факт, поради урбанизацијата, наводнувањето и зголемувањето на населението.

Значи, погледнете ја нашата галерија и видете ги таинствените езера во пустината Бадаин Џара, пред да се исчезнати целосно!9d7d06d939da661d7545c8e0adcbc7f7 bd41ce6b3d0c4f034a192bd3d51b1b0c 970cf232d872c6692764c667fe8ff6d7 4f20cb063af670573a78d2ff3e8e856f 6775908114ec08ead0128405703183ee 90330ebcbc3bad3cd54001c0aa64b56c 9541369d9c2a854296977b55ff9d7159 349f239e9f05f8ceeb2d11d508cb55dd 8979332cf1a5ccfc0defbb3c7495103a ec9ab9d2e985203c784de8e34650d45c