17
Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани денеска изјави дека на Австрија и е потребна влада предводена од конзервативците, која ја исклучува крајнодесничарската Партија на слободата на Австрија (ФПО) и нагласи дека „секое повторно појавување на неонацизмот мора да се отфрли“.
Тајани ги даде коментарите еден ден откако екстремната десница победи на првите австриски парламентарни избори по Втората светска војна, соборувајќи ја владејачката конзервативна Австриска народна партија.
„Политичките битки секогаш се добиваат во центарот за да се спречи екстремната десница и екстремната левица да направат штета“, рече Тајани, цитиран од АНСА.