250
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави денеска дека на состанокот на шефовите на дипломатиите на НАТО во Брисел побарал „јужниот фронт“ на Алијансата да биде приоритет“ и дека овој предлог бил прифатен, пренесува АНСА.
„Надолго разговаравме за можноста за именување специјален пратеник за јужниот фронт и побарав јужниот фронт да стане приоритет на НАТО,“ изјави Тајани.
Тајани истакна дека италијанскиот предлог бил пречекан со голем ентузијазам и дека документот подготвен од група експерти на НАТО бил позитивно прифатен.