Тајчи отворено за минатото: Се срамев, а за силувањето се обвинував себе си

355 прегледи

Хрватската пејачка Татјана Матејаш Тајчи најавува книга во која ќе пишува за своите искуства со естрадата, депресијата, негативните животни ситуации, но и како успеала да се извлече од сето тоа.

– Во книгата ќе пишува за се што се случува кога сме скршени, но продолжуваме понатаму.
И како музиката може да ни помогне – рекла Тајчи за 24sata.hr.

Тајчи на сцената е од своите млади години, поточно од 1974 година кога нстапила на Загребфест, а на истата сцена пеела и следните две години. Но, прв пат во категоријата возрасни настапи во 1987 година.

– Имав само 17 години и отпеав убава, но захтевна песна. Целото мое одделение дојде да навива за мене. Таа ноќ создадов историја. Бев прва дебитантка која ја освои наградата за најдобар нов уметник и третото место. Тогаш почна мојата кариера. Тогаш не знаев, но природните кадрици беа моја супер сила – се присетила Тајчи.

Меѓутоа, тогаш, животот полека но сигурно започнал да ѝ се менува, влегла во светот на, како што рекла, моќните и желни мажи. За силувањето кое го доживеала се обвинувала самата себе си, а како што вели, многу години поминала срамејќи се од своето минато.

– Се срамев од своето „диво“ минато. Еднашка, додека пеев, конечно му дозволив на своето тело да се мрда и сега добро се чувствувам – рекла.

Пејачката и понатаму тврди дека во времето на нејзината најголема популарност, пари и слава не можела да го заборави она што го видела. Ја скршило, па побегнала во Америка. Таму пеела во цркви, а преку нив го запознала и својот покоен сопруг Метју Камерон. Го водела шоуто „Waking Up in America“, мотивациска емисија во која гостите ги изнесувале своите искуства со своите проблеми. Но, ниту тогаш не го нашла својот внатрешен мир.

Слични содржини