198
Силни ветрови и обилни дождови го зафатија источниот брег на Кина во четвртокот, а тајфунот Муифа предизвика превентивна евакуација на повеќе од милион луѓе и откажување на летовите во Шангај.
Меѓутоа, властите не објавија смртни случаи, повредени или поголеми штети, делумно поради тоа што беа преземени бројни превентивни мерки, пренесува „Хина“.
Муифа е најсилниот тајфун што го погодил Шангај, најнаселен кинески град со 25 милиони жители, од 1949 година, објави државната телевизија CCTV.
Поради ризик од поплави или оштетување на домовите, повеќе од 400.000 Шангајци се евакуирани на безбедно како мерка на претпазливост, како и 1,26 милиони жители на соседната крајбрежна провинција Жеџијанг (источно), според ТВ каналот.