Тајланд го легализира одгледувањето марихуана, владата поклонува садници

од Stefanija Kuzmanovska
207 прегледи

Одгледувањето и поседувањето марихуана во Тајланд денеска е декриминализирано, а министерот за здравство на таа земја најави дека од утре ќе бидат поделени милион садници од ова растение, пренесува АП.

Тајланд е првата земја што донесе ваква одлука во Југоисточна Азија, регион познат по строгите закони за дроги, но употребата на марихуана за рекреативни цели сè уште не е дозволена.

Тајландската влада соопшти дека промовира канабис само за медицинска употреба, предупредувајќи ги оние кои сакаат забава, дека пушењето на јавно место сè уште може да се смета за кривично дело, со потенцијална казна од три месеци затвор и 780 долари.

Слични содржини