Тајланд и Камбоџа на денешниот состанок во Малезија се договорија за моментален прекин на огнот, соопшти малезискиот премиер Датук Сери Анвар Ибрахим.
Двете страни разменија оган пред пет дена поради пограничниот спор и од тогаш буквално војуваа, иако не си објавија војна.
На состанокот присуствуваа и амбасадорите на САД и Кина во Малезија.