Тајланд се приклучува на БРИКС како земја партнер

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Тајланд ја прифати поканата да стане земја-партнер на БРИКС и се надева дека ќе се приклучи на организацијата како полноправна членка во наредниот период, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на таа земја.

Портпаролот на министерството на прес-конференцијата рече дека Тајланд на 31 октомври добил официјална покана да стане партнер на БРИКС од претседавачот на таа организација Русија, а дека на 24 декември на седницата на владата било одлучено да се даде позитивен одговор на таа покана, пренесува РИА Новости.

Како што наведе, истиот ден тајландскиот министер за надворешни работи испратил писмо до неговиот руски колега во кое ја изразува согласноста на Тајланд да се приклучи на БРИКС како земја партнер.

Слични содржини