Тајланѓанец е обвинет за навреда на кралот и му се заканува затворска казна затоа што го навредил кралското куче, изјави адвокатката на обвинетиот.

Дваесет и седумгодишниот Танакорн Сирипаибун е обвинет за навреда на кралот поради објавување на сатиричен пост на Facebook за кралот на Тајланд и неговото куче.
„Се работи за пост објавен на 6 декември, којшто содржи три фотографии и порака со којашто се исмева кралското куче“, изјавила за АФП, адвокатката на обвинетиот, Павин Чумсри.
Танакорн е исто така обвинет за навреда на кралот, побуна и користење на компјутер за кривични цели, затоа што кликнал like под фотошопираните фотографии на кралот и потоа ги споделил, а споделил и табела којашто прикажува растечка корупција во таа земја,
Тајланд има еден од најстрогите закони за навреда на кралот. Лицето осудено за навреда на многу почитуваниот, но болежлив крал, осумдесет и осумгодишниот Бимибол Адујадеј или кралицата и престолонаследниците, може да биде казнет со затворска каза од дури 15 години по секоја точка на обвинението.