„Тајмс“: Шведска и Финска би можеле да станат членки на НАТО уште ова лето

од Vladimir Zorba
176 прегледи

Шведска и Финска би можеле да станат членки на НАТО уште ова лето, пишува денеска лондонскиот дневен весник „Тајмс“, повикувајќи се на свои извори.

Според весникот, се очекува Финска прво да поднесе барање за членство во јуни, а потоа и Шведска, пренесе ТАСС.

Според извори на руската Агенција, владите на Шведска и Финска соработувале за да постигнат консензус по ова прашање, но конечната одлука ќе ја донесе независно секоја земја.