Што се случи, Владимир?” – Под овој наслов британскиот “Тајмс” објавува уреднички коментар за чудното исчезнување на рускиот претседател од јавност, пишува БиБиСи.
За последен пат Путин беше виден на јавно место на 5 март, кога позира за протоколот фотографии на состанокот со премиерот на Италија Матео Рензо. Иако Кремљ се обиде “да подметна” во јавноста и други фотографии на претседателот, рускиот печат брзо утврди дека тоа се претходните кадри, забележува весникот. Путин го врати Западот во времето на студената војна со Русија, но и во времињата на “кремлинологијата”, пишува “Тајмс”. Во Москва се слушаат гласини за здравствената состојба на претседателот и за (не)стабилноста на позициите . Овие нејаснотии ќе исчезнат веројатно ногу брзо. Тензиите во кремаљската власт и структурите очигледно растат. И Западот треба да го користи овој напон, за да го казни рускиот цар од 21 век поради агресијата против Украина, вели весникот.
На прво место тоа влијание е потребн врз информацискиот фронт. “Тајмс” нуди западните влади да користат научени од нив финансиски тајни за луѓето од блиското опкружување на Путин, за да им го кажат тоа на обичните луѓе во Русија.
Второ – продолжува весникот, – Западот треба да го следи советот на опозиционер Алексеј Навални од скорешното интервју за “Фајненшл тајмс” и да ја прошири листата на санкционираните лица, и да ги вклучи во нив сите соработници на Путин. Поточно оние кои ја одредуваат политиката на Кремљ против Украина, а не луѓето кои само ја спроведуваат. Досега санкциите не ја убедиле Русија да го промени својот курс, а Грција и другите европски земји зедоа да се сомневаат во целокупната стратегија. Сега не е време Европа да се двоуми, предупредува “Тајмс”. Само за сожалување е фактот дека мора да страдаат обичните луѓе во Русија. Тие сепак можат сами да стават крај на ова, ако се стави барања за ново раководство. Западот може да помогне. Без разлика каква е причината Путин да не се појавува пред луѓе, Велика Британија и нејзините сојузници не смеат да заборават дека од Путин треба да се бара одговорност поради безумниот авантуризам во Европа, завршува “Тајмс”.
