Германскиот модел Хајди Клум се чувствува на врвот на своите сили на 44 години, а неодамна таа ја откри и тајната за нејзината убавина – постојан секс.
Во интервју таа сподели дека „вежбите“ во креветот се одразуваат добро на нејзината форма и го зајакнуваат нејзиното тело. Токму затоа таа го бара од партнерот … по пет пати на ден!
Според неа нема значење дали сексот се прави во автомобил, во кујната, спалната соба или на каучот. Поентата е да се практикува постојано.
За Хајди тоа е како нормална рутина.
„Таа си има бележник во кој запишува секој пат кога имаат секс и останала задоволна“, изјави близок до поранешната сопруга на Флавио Бријаторе.
Желбите нејзини сигурно се допаѓаат на нејзиното момче – пејачот Том Каулитц со кого неодамна беа фатени како се гушкаат крај базен во Мексико.