Легендарниот 62-годишен актер Том Круз се појави во речиси триминутно воведно видео, пред овогодинешното финале на Супербоул и натпреварот помеѓу Канзас Сити Чифс и Филаделфија Иглс на стадионот Цезар Супердом во Њу Орлеанс.
Иако видеото требаше да биде посветено на најважните моменти од претходните Супербол натпревари, „новиот“ изглед на Круз го привлече вниманието на гледачите.
Што е Lipofilling или Fat grafting?
Др. Гизем Сејменоглу од клиниката Longevita детално го анализирала изгледот на актерот и го дала своето стручно мислење: „Забележувам одредена затегнатост на кожата и оток што се протега сè до пределот под очите. Ова силно сугерира процедура за пренос на маснотии, позната и како Lipofilling или Fat grafting. Тоа е автологна процедура каде масното ткиво се зема од еден дел од телото – најчесто стомакот, бутовите или задникот – и се инјектира во областа каде што лицето сака да додаде волумен.
Експертот, исто така, забележува дека алтернативно објаснување може да биде значителна количина на дермални филери, со оглед на карактеристичниот модел на оток. Цената на таквата процедура може да достигне 14.000 евра, што го прави еден од поскапите естетски третмани достапни на пазарот.
Интересно е да се забележи дека сличен третман неодамна стана популарен меѓу технолошките милионери, меѓу кои и Брајан Џонсон, кој исто така ја направи оваа процедура сакајќи да го задржи младешкиот изглед.
Оток на лицето
Др. Сејменоглу особено го истакна отокот на средишниот дел на лицето: „Забележувам поизразен оток во средината, а не долниот дел од лицето. Ова ме наведува да ја отфрлам можноста за лифтинг на лицето, бидејќи со таква процедура не би забележале ваков вид на оток. Долниот дел од неговото лице не е толку затегнат, што дополнително ја потврдува мојата теорија. Сепак, не можам со сигурност да кажам дали тој имал такви операции и претходно“.
Во врска со помалку инвазивните третмани, експертот додаде: „Верувам дека Том редовно прима ботокс инјекции. Во споредба со минатата година, брчките на челото и меѓу веѓите изгледаат значително помазно. Секако, брчките не исчезнале целосно бидејќи така не функционира ботоксот. Меѓутоа, со парализирање или опуштање на мускулите во третираната област, овие инјекции можат да спречат продлабочување на брчките и формирање на нови линии“.
Зборувајќи за одржување на резултатите, Др. Сејменоглу нагласи: „На 62 години, Том веројатно добива редовни инјекции за да го одржи својот младешки изглед. Сепак, важно е да се напомене дека ботоксот не е трајно решение. Ефектот обично трае 3-4 месеци, што значи дека за одржување на резултатите, Том би морал да прима третмани до три пати годишно. Ова може да резултира со годишен трошок од околу 2.800 евра“.
И покрај бројните нагаѓања и шпекулации за неговиот изглед, Том Круз никогаш јавно не потврдил дека имал некакви козметички зафати и останал прилично дискретен за какви било зафати на кои бил подложен.