Истрагата треба да открие како Москва конспиративна финансира европски партии, за да ја играат играта .Шефот на американското разузнавање Џејмс Клапер добил задача да ги замрсува и расплеткува заговорите на Москва

Специјалните служби на САД ќе покренат истрага за тоа како Русија влијае на политичките партии и организации во земјите-членки на ЕУ со цел менување на политиката, пишува The Telegraph. .Конгресот на САД му порачал на директорот на Националната разузнавачка служба Џејмс Клапер да го истражува руското финансирање на европските партии во последните десет години. Истражувањето е предизвикано од зголемената загриженост на САД во врска со обидите на Кремљ да го поништи единството на ЕУ и НАТО, да го блокираат распоредување на американски системи за ПРО во Европа и да влијаат врз скорешното укинување на санкциите против Русија откако таа го анектира полуостров Крим.
Висок британски политичар, кој сакаше да остане анонимен, ги изрази за весникот своите растечки стравувања по повод “новата студена војна”: “Москва се обидува по клучните прашања да внесе раздор во Европа, а властите во ЕУ ги потцененуваат во голем степен напорите на Русија во оваа насока “. Особено разузнавањето на САД ќе ги провери финансиите и” Добротворните донации”за голем број европски партии од страна на Русија. Не се соопштува кои точно партии од кои земји ќе бидат испитани на прво место.