Тајниот договор на Гејтс: Со поранешната девојка секоја пролет на одмор

од Nikola Popovski
509 прегледи

Пред Мелинда да влезе во „Мајкрософт“, но и во животот на Бил Гејтс во 1987 година, тој бил во врска со Ан Винблад, бизнисменка и инвеститор.

Дека меѓу нив владеела нераскинлива врска и дека Гејтс сè уште ја сакал во животот, потврдува интересната приказна откриена од магазинот „Тајм“, во која јасно се опишува како Ана продолжила да биде дел од животот на Гејтс, иако и двајцата започнале нови семејства, пренесува Радио Сараево.

Уште во 1997 година, новинарот Валтер Исаксен спомнал интересен податок за поранешната девојка во неговата приказна за успехот на Бил Гејтс за списанието Тајм.

„Дури и сега, Гејтс има договор со неговата сопруга тој и Винбланд да можат да ја продолжат традицијата и да поминат еден одмор заедно годишно сами. Секоја пролет Гејтс поминува продолжен викенд со Винблад во една плажа во Северна Каролина, шетајќи по песок, пуштајќи змејови и шетајќи на плажа“, напишал тој.

Не е ни чудо што таа приказна се појавила откако Бил и Мелинда ја споделиле својата одлука за развод по 27 години брак со светот.

Во службените весници, „Виблад“ сè уште стои како сопственик на куќата што е изградена во 1982 година, а во која ги минува своите одмори.

Станува збор за куќа на океанот, која е опишана како идеално место за „кралски одмор за љубителите на плажа“, украсена прилично скромно и малкумина би помислиле дека како таква е идеална за еден од најбогатите луѓе во светот.

Со четири спални соби, две бањи и директен приватен пристап до плажата, куќата е совршена за двајца поранешни љубовници.

Според „Тајмс“, поранешната двојка оди таму еднаш годишно, повеќе од една деценија, а го претставиле тоа како „врска“ со стар пријател.

Двојката се запознала во 1984 година на компјутерската конференција Бин Рузин-Истер Дајсон и првично одржала виртуелни состаноци. Ова значело дека тие ќе одат да го гледаат истиот филм во исто време, но во различни градови и ќе зборуваат за филмот преку телефон. Поради неа, тој станал вегетаријанец на некое време.

Бил Гејтс и Ен Винблад ја прекинаа врската во 1987 година, најмногу затоа што пет години постарата деловна жена сакала да основа семејство, но Бил не бил подготвен за тоа во тој момент. И покрај раскинувањето, тие останале блиски пријатели, а тој, наводно, побарал „благослов“ од неа кога решил да се ожени со Мелинда.

Слични содржини