276
Жител на Тетово (43) скоро една година, без знаење на сопругата, трошел пари од нејзината платежна картичка, но таа го пријавила, па полицијата му поднесе кривична пријава, информираат од МВР.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.И.(43) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на кредитна картичка“. Пријавениот, во периодот од 11.03.2020 до 05.02.2021, во повеќе наврати од платежна картичка на неговата сопруга, без нејзино знаење подигнал вкупно 419.000 денари“, се вели во полицискиот билтен.