Тајсон одби 25 милиони долари за „реприза“ на дуел од пред 24 години

од Stefanija Kuzmanovska

Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон (54) наводно одбил 25 милиони долари за ново влегување во ринг и борба против Ивандер Холифилд (58)!

Ова на американската јавност и го открија претставниците на Холифилд, кои изјавија дека натпреварот требало да се одржи на 29 мај и дека тоа ќе биде своевиден реванш за борбата кога Тајсон му го откина увото на Ивандер.

Холифилд последен пат беше во рингот во 2011 година, но во последно време тренираше и чекаше Тајсон да ја прифати понудата.

– Мислевме дека договорот е направен брзо, но луѓето на Тајсон уништија сè и ги отфрлија сите понуди. Имавме добри намери за време на преговорите, но се чини дека само губевме време, велат од тимот на Холифилд.

Тајсон неодамна боксуваше против Рој Џонс Џуниор во реваншот каде немаше победници.

Слични содржини