Тајсон: Смртта на мајка ми е една од подобрите работи што ми се случиле

од Vladimir Zorba

Еден од најдобрите боксери на сите времиња Мајк Тајсон шокираше со својата најнова изјава!

Никогаш не му претставувало проблем без двоумење да зборува за најтешките работи во животот низ кои поминал во текот на исклучително турбулентниот живот, што го направи и овој пат.

– Една од најдобрите работи што ми се случија беше смртта на мајка ми. Таа секогаш се грижеше за мене како бебе, никогаш немаше да се впуштам во улични тепачки, никогаш не би се бранел – изјавил Тајсон во еден подкаст, додавајќи дека никогаш не би направил кариера во боксот доколку тоа не се случело.

Мајката на Тајсон, Лорна, почина во 1982 година, кога најмладиот шампион во тешка категорија во историјата имаше само 16 години, а неговиот тогашен тренер Кус Дамато го доби старателството.

– Беше фина, но и малку агресивна. Таа никогаш немала социјален живот ниту пак работела премногу. Таа не се плашеше да удри некого. Пиеше многу и имаше многу љубовници. Понекогаш доаѓаше нејзиното момче, тие ќе се опијанеа, а јас им ги сечев џебовите и им крадев пари – открил Тајсон.

Слични содржини