Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека синоќа и утрово детектирале 39 кинески авиони, еден носач на авиони и 13 воени бродови во близина на Тајван.
Армијата внимателно ја следи ситуацијата и ги задолжи авионите, поморските бродови и копнените ракетни системи да одговорат, се наведува во соопштението на тајванското Министерство за одбрана.
Кина во саботата соопшти дека нејзините војници се „во постојана готовност“ бидејќи два брода на САД и Канада пловеа низ Тајвански Теснец.
САД и западните сојузници ги зачестија премините низ Тајвански Теснец и спорното Јужно Кинеско Море, тврдејќи дека и двете рути се меѓународни водни патишта, што го налути Пекинг.
Кина во април одржа воена вежба, симулирајќи опкружување на островот. Кинеската воена вежба уследи откако тајванскиот претседател Каи Ингвен се сретна со претседателот на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти во Калифорнија.
Тајван за Кина е отцепена провинција и вети дека ќе го стави островот под контрола со какви било средства, вклучително и воено преземање. Во изминатите години, Пекинг го засили воениот и политичкиот притисок врз Тајван.