Тајван ќе го примени она што неговата армија го научи со набљудување на конфликтот во Украина на претстојните воени вежби кои имаат за цел да вежбаат борба против евентуален кинески напад, соопштија денеска властите во Тајпеј.
Најавено е дека овогодинешните вежби во Тајван ќе бидат поделени на два дела, едниот во мај, а другиот во јули, пренесе Ројтерс.
Мајскиот дел би бил делумно тактичко разгледување, засновано на „различни можни дејствија на кинеската комунистичка партија во врска со инвазијата на Тајван, земајќи ги предвид лекциите од руско-украинската војна“, се вели во соопштението.