Тајван: Воз со 350 патници излета од шините, загинаа најмалку 36 лица

од Берта Китинска
307 прегледи

Најмалку 40 лица се здобиле со сериозни повреди во несреќата. Воз кој патуваше од Тајпеј до Таитунг и превезуваше многу туристи на почетокот на продолжениот викенд излета од шините северно од Хуалиен во источен Тајван, соопшти противпожарната служба.

На сликите од местото на несреќата може да се видат вагони во тунелот кој се распаднал од ударот, додека другите биле толку деформирани што спасувачите не можеле да стигнат до патниците.

Противпожарната служба извести дека возот бил полн и во него имало околу 350 лица.

Тие додадоа дека од првите четири вагони на возот биле евакуирани меѓу 80 и 100 лица.

Официјалната новинска агенција соопшти дека се сомнева дека камион кој бил „неправилно паркиран“ го блокирал патот на возот. Пожарникарите покажаа слика за како изгледа остатоците од камион кој стои покрај уништениот воз.

„Нашиот воз удри во камион“, рече еден човек на видеото емитувано на тајванската телевизија, покажувајќи слики од остатоците.

Слични содржини