Тајвански медиуми: Ненси Пелоси во вторник доаѓа кај нас

од Nikola Popovski
108 прегледи

Неколку тајвански медиуми објавија дека претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, во вторник треба да го посети Тајван и да преноќи во Тајпеј.

Повикувајќи се на неименувани извори, Либерти тајмс, еден од тајванските весници, објави дека Ненси Пелоси треба да присуствува на седницата на тајванскиот парламент во среда наутро пред да ја продолжи својата турнеја низ Азија, пренесува Ројтерс.

Министерството за надворешни работи на Тајван соопшти дека нема коментар за извештаите за плановите на Пелоси.

Тврдењата на тамошните медиуми се неочекувани, бидејќи канцеларијата на Ненси Пелоси во неделата објави дека американскиот функционер во Азија ќе ги посети Сингапур, Малезија, Јужна Кореја и Јапонија.

Пекинг претходно побара од неа да се откаже од плановите да го посети Тајван, кој Народна Република Кина го смета за своја територија.

Во меѓувреме, Кина објави дека спроведува воени вежби во Тајванскиот мореуз.

Слични содржини