Основачот на компанијата „Фокскон“, која е главен снабдувач на технолошкиот гигант „Епл“, тајванскиот милијардер Тери Гоу, планира во Тајван да увезе пет милиони дози вакцини против ковид направени од „Фајзер“/„Бионтек“.
Не толку одамна, Тајван имаше по десетина заразени лица на ден, а сега бележи далеку поголем број – заразени се близу 8.000 лица, а 99 починаа, пренесува „Ројтерс“.
Досега се вакцинирани само еден процент од 23 милиони граѓани кои живеат во Тајван.
Тајван нарача 30 милиони дози на „АстраЗенека“, „Модерна“ и на уште две домашни компании.
Милијардерот Гоу рече дека неговата фондација „Jonglin“ планира да аплицира за купување на пет милиони дози вакцини на „Бионтек“, направени и произведени во Германија, и доставени до Тајван.
Дозите би се пренеле со авион од Германија во Тајван, без посредници, директно.
„Овој план бара процес“, рече Гоу.
„Бионтек“ не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар, наведе „Танјуг“.
Шангајската фармацевтска групација „Фосун“ има договор со „Бионтек“ за продажба на вакцини во пошироко подрачје на Кина, вклучувајќи го и Тајван, но тајванската влада соопшти дека има договор само со „Бионтек“ и не им верува на кинеските вакцини.