Селена Гомез и Џастин Бибер беа златна двојка која беше обожавана од светската јавност. Времето помина, Селена и Џастин раскинаа, а подоцна тој се вљуби и се венча со Хејли Болдвин по неколку недели врска.
Оттогаш, за манекенката се случува вистинско малтретирање кое го трпи на секој чекор, бидејќи многумина веруваат дека Бибер ја изневерил Селена Гомез со неа, особено затоа што пејачката по веста за нивната венчавка заврши во психијатриска установа.
Селена Гомез и Хејли Бибер синоќа присуствуваа на гала вечерата во Музејот на филмска уметност во Лос Анџелес, кога ја искористија можноста да се фотографираат како се гушкаат и да покажат дека меѓу нив нема лоша крв.
Тие беа насмеани, опуштени и се позираа како најдобри пријателки, а од синоќа речиси и да нема поважна тема на социјалните мрежи.
„Така го оставаш минатото зад себе, браво, Селена“, „Овие девојки се пример“, „Каков пресврт во поп културата“, „Браво, девојки, да престанеме да ги поттикнуваме жените една против друга“, се некои од коментарите.