Такер Карлсон пристигна во Москва, се подготвува интервју со Путин?

од Nikola Popovski
336 прегледи

Американскиот новинар Такер Карлсон е забележан во Москва, објави неговиот колега Џексон Хинкл на платформата X.

На сликите кои кружат на Интернет, поранешниот водител на Фокс њуз бил во театарот Бољшој, најверојатно на балетската претстава Спартак.

„Се чини дека Такер Карлсон е во Москва. Дај Боже да дојде до интервју со Путин“, напиша Хинкл.

Претходно водителот изјави дека се обидел да го интервјуира рускиот лидер, но бил спречен од американската влада, пренесува РИА Новости.

Слични содржини