Таксистите бараат решение: „Ако ја покачиме цената на превозот, ќе немаме кого да возиме“

од Nikola Popovski
389 прегледи

Високите цени на горивата направи таксистите да возат без попусти, по полна цена на таксиметрите, која е стара 11 години. Последните поскапувања на горивата ги стави таксистите да изнајдат начин како да опстојат, затоа што се зголемија и цените на резервните делови и опрема за автомобилите, информира претседателот на Групацијата на автотакси превоз на Град Скопје, Сашо Рајчановски.

Според него, не е проблем само драстичното поскапување на горивата, туку и нелојалната конкуренција.

-Имате пензионери што возат такси, нелиценцирани возила, возила без фискални сметки. Одамна апелираме дека решението е да се активираат инспектори на терен, затоа што ако ја покачиме цената на такси превозот, таксистите ќе нема кого да возат. Ако ги тргнеме „дивите таксисти“ ќе имаме расчистување на сообраќајнот метеж. Град Скопје е задолжен да обезбедни сигурен такси превоз, рече Рајчановски во емисијата „Утрински брифинг“.

Слични содржини