Пратеникот на СДСМ, Миле Талески побара од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица да се извинат поради, како што вели, ширење хистерија за наводна бугаризација, асимилација, за негирање на јазикот, после вчерашниот потпишан Договор со Фронтекс на македонски јазик.
-Ако имаат и малку образ, и малку чест, денеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица треба да излезат пред граѓаните, пред пратениците и да се извинат за сите лаги, рече Талески од Собранието.
Со ова, вели Талески, С. Македонија ќе преговара на официјален македонски јазик со ЕУ.
-Тука се потпишани претставници на ЕУ и на Рпублика Северна Македонија. Договорот со Фронтекс е прв официјален договор откако се почнати преговорите со Унијата, истакна Талески.
-Имаме потврден македонски национален идентитет и сите треба да бидеме горди бидејќи почнавме преговори на македонски јазик, додаде пратеникот од СДСМ.