Tалевски: Недопустливо е претседател на Влада да дава изјава дека ќе биде ескорт

од Milan1
203 прегледи

Во овој краток период откако оваа влада ја презеде власта секој ден се соочуваме со најразлични скандали од највисоките инстанци на власта, вклучувајќи го и инцидентот на скопскиот аеродром. За овој инцидент има одговорност кај претседателот на Собранието, Гаши, а ВМРО-ДПМНЕ бара начин да ја заташка работата, истакна пратеникот на СДСМ Миле Талески во „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.

-Крајно недопустливо е МВР, на кое ми требаа три дена да излезе со некое соопштение и став, да не излезе веднаш со конкретни мерки, да го расчисти случајот, тоа е недозволиво за земја членка на НАТО. Во писмениот документ е посочено дека тоа е по наредба на претседателот на Собранието, тука има командна одговорност. Претседателот на Собранието го испратил своето обезбедување и направил скандал во аеродромот. Тука има и политичка одговорност, а ВМРО-ДПМНЕ бара начин како да го изменаѓира целиот процес и да се заташка целата работа, рече Талески.

Ние бараме ВМРО-ДПМНЕ да излезе со конкретен став, да каже кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со таквото однесување и на претседателот на собранието и на обезбедувањето, додаде Талески.

Талески нагласи дека од ВМРО-ДПМНЕ пред само неколку месеци излегуваа пред граѓаните и ветуваа дека секој, без разлика на која позиција е, што ќе се огреши пред законот, ќе договара, дека сите случаи ќе бидат расчистени, но очигледно е дека тоа не е пракса.

-Недопустливо е претседател на Влада да дава изјава дека ќе биде ескорт. Не смееме да си дозволиме да имаме комичен премиер. Ако имаме комичен премиер тогаш не смееме да го рачунаме за сериозен претседател на влада. Ние и граѓаните на оваа држава бараме одговори, посебно за секодневните инциденти што се случуваат откако е оваа влада е избрана, рече пратеникот на СДСМ Миле Талески во „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.

Слични содржини