162
Талибанците денеска камшикуваа три жени и девет мажи пред неколку стотици луѓе на стадионот во провинцијата Логар, јужно од главниот град на Авганистан, што е продолжение на бруталната казна која беше симбол на талибанското владеење во 1990-те, пренесе АП.
Канцеларијата на гувернерот на Логар ги покани „најдобрите ученици, муџахедини, старешини, племенски водачи и локални жители“ на стадионот во градот Пул Алам.
Осудените добија меѓу 21 и 39 удари со камшик откако беа осудени за прељуба во локалниот суд, изјави еден функционер од канцеларијата на гувернерот, кој инсистираше на анонимност.