Рускиот Врховен суд денес ја укина забраната за делување на Талибанците – група што владее со Авганистан и која пред повеќе од две децении беше означена како терористичка организација, пренесува РИА Новости.
Судот ја прифати тужбата на јавниот обвинител Игор Краснов и ја суспендираше забраната за талибанското движење.
Правната основа за жалбата до судот произлегува од измените направени во декември минатата година во Кодексот за управна постапка на Руската Федерација и во федералниот закон „За борба против тероризмот“.
Според измените, дозволено е суспендирање на забраната за терористичка организација во случаи кога таа прекинала со активности насочени кон промовирање, оправдување или поддршка на тероризмот, како и со извршување кривични дела против терористичките интереси на Русија.
Руските власти во последно време ја нагласуваат потребата од ангажман со Талибанците, со цел да се помогне во стабилизирањето на ситуацијата во Авганистан.