211
Талибанските власти во Авганистан им забранија на жените да ги користат услугите на спортски сали, изјави денеска портпаролот на авганистанското министерство за морал и борба против пороците.
Тој рече дека забраната е воведена затоа што не се почитува правилото за полова сегрегација и затоа што жените не го почитуваат носењето хиџаб.
Портпаролот на авганистанското министерство за морал и борба против пороците изјави дека на жените им е исто така забранет престој во паркови, пренесе АП.