248
Врховниот лидер на Талибанците Хибатулах Акунџада, кој ретко се објавува јавно, побара од новата авганистанска влада денеска да го примени шеријатскиот закон.
„Ги уверувам сите наши сограѓани дека владата ќе се стреми да ги почитува исламските правила и шеријатските закони во земјата“, рече Акунџада во соопштението издадено на англиски јазик.
Талибанците денеска го објавија составот на новата влада, а министерските позиции ги добија личности кои се истакнаа во изминатите 20 години во борбата против САД и нивните сојузници.