„Талибанските лидери нема да бидат во сенка, тие ќе се покажат пред светот“

од Stefanija Kuzmanovska
318 прегледи

Талибанските лидери нема да бидат во сенка и ќе се покажат пред светот, изјави денеска официјален претставник на тоа исламистичко движење.

„Светот ќе ги види сите наши лидери полека и постепено, нема да има сенки на тајност“, изјави за „Ројтерс“ талибански функционер, кој сакал да остане анонимен.

Тој наведе дека на членовите на движењето им било наредено да не ја слават неодамнешната окупација на целата територија на Авганистан и нагласи дека цивилите треба да предадат оружје и муниција.

Во изминатите 20 години, откако Талибанците беа соборени од власт, нивните водачи во голема мера живееја во тајност.

Слични содржини