Талибанци: Мажите и жените нема да можат да учат заедно

од Vladimir Zorba
228 прегледи

Мажите и жените повеќе нема да можат да учат заедно на универзитетите во Авганистан, управувани од Талибанците, објави авганистанската телевизија „Толоњус“.

Тие го цитираат талибанскиот вршител на должноста министер за високо образование, кој рече дека мажите и жените ќе треба одделно да присуствуваат на предавањата, додавајќи дека тоа е „во согласност со шеријатскиот закон“.

Во Кабул се одржа и консултативен состанок за општата политика на талибанците за високо образование.

Слични содржини