Талибанци: Повеќе не дозволуваме Авганистанците да одат на аеродромот во Кабул

од Nikola Popovski
274 прегледи

Портпаролот на Талибанците, Забихула Муџахид одржа прес -конференција и објави дека на авганистанските граѓани повеќе не им е дозволено да се приближуваат до аеродромот во Кабул, бидејќи ситуацијата е хаотична, пренесува Би-Би-Си.

Тој посочи дека луѓето што биле на аеродромот треба да си одат дома и дека нивната безбедност ќе биде загарантирана. Тој додаде дека САД продолжуваат да ги повикуваат луѓето на аеродром за да се качат на авионите.

„Ги молиме Американците да не ги поттикнуваат Авганистанците да заминат. Ни треба нивниот талент“, рече тој.

Тој информира дека медиумите, училиштата, болниците, универзитетите и локалните власти повторно работат во Авганистан.

Слични содржини