Талибанците бараат 1,2 милијарди долари од Г20

од Nikola Popovski
345 прегледи

Авганистанските талибанци ја повикаа меѓународната заедница итно да обезбеди материјална помош од 1,2 милијарди долари ветена на земјата на виртуелниот самит Г20, изјави портпаролот на талибанското движење, Мухамед Сухаил Шахин.

Претходно денеска талибанците го предложија Шахин за позицијата амбасадор на Авганистан во Обединетите нации.

„Зимата е веднаш зад аголот, така што меѓународната заедница итно треба да го плати неодамна ветениот пакет помош од 1,2 милијарди долари за сите сиромашни, ранливи и раселени луѓе во Авганистан“, напиша тој на Твитер.

Шахин нагласи дека талибанската влада е подготвена целосно да соработува преку одредени агенции и други невладини организации на терен, пренесе Ројтерс.

Тој рече дека талибанците ја повикаа меѓународната заедница да го поддржи Авганистан со одмрзнување на средства од речиси 10 милијарди долари и продолжување со финансирањето на развојот и проектите ветени на конференцијата во Женева, пренесе Танјуг.

Фото: Алексей Куденко

 

Слични содржини