Талибанците бараат од жените да останат дома: „Не сме обучени како да разговараме со нив“

од Nikola Popovski
299 прегледи

Вработените жени во Авганистан мора да останат дома додека не се воспостави нивната безбедност, изјави за новинарите портпаролот на Талибанците, Забихула Муџахид.

„Тоа е само привремена постапка“, додаде Муџахид.

„Нашите безбедносни сили не се обучени како да постапуваат со жените и како да разговараат со нив. Додека не воспоставиме целосна безбедност, бараме од жените да останат дома“, рече тој, пренесува Би-Би-Си.

Талибанците, кои спроведоа строга верзија на шеријатскиот закон кога владееја со Авганистан пред 2001 година, пред девет дена тие ја вратија целосната контрола врз земјата.

ОН веќе објавија сериозни злосторства на Талибанците во Авганистан, вклучително и егзекуции, кршење на правата на жените и ограничувања на жените. Комесарката на ОН за човекови права Мишел Бачелет рече дека правата на жените се основната црвена линија и побара од земјите -членки да создадат тело за следење на состојбата со човековите права во Авганистан.

„Постои голем страв за жените, новинарите и новата генерација лидери на граѓанското општество што се појавија во последниве години“, рече поранешната чилеанска претседателка.

Слични содржини