Талибанците формираа специјален баталјон од бомбаши-самоубијци за да ја чуваат границата со Кина

од Vladimir Zorba
472 прегледи

Талибанците формирале специјален баталјон бомбаши -самоубијци во северен Авганистан за да ги заштитат границите со Кина и Таџикистан, изјави денеска заменик -гувернерот на провинцијата Бадакшан, Мула Нисар Ахмад Ахмади.

Специјален одред со име Лашкар-е Мансур ќе биде распореден до авганистанските граници, изјави локалната новинска агенција Хама прес, цитирана од гувернерот.

Според агенцијата ТАСС, бомбаши-самоубијци од овој одред учествувале во терористички напади врз силите на соборената влада и членовите на меѓународната коалиција што беше предводена од Соединетите Американски Држави.

– Поразот на САД би бил невозможен без овој одред. Овие храбри воини носат специјални појаси со експлозив и ги искористија за да креваат во воздух американски бази во Авганистан, рече Ахмади.

Откако САД објавија планови за повлекување на своите војници од Авганистан, Талибанците започнаа голема операција за преземање контрола над земјата.

На 6 септември тие објавија дека е обезбедена целосна контрола врз целата територија на Авганистан, а следниот ден тие претставија нова влада составена само од членови на движењето, од кои повеќето се етнички Паштуни.

Досега ниту една држава не го призна легитимитетот на талибанската влада.

Слични содржини