Собраните жени, повеќето со непокриено лице, извикувајќи пароли против носењето бурки, успеаја да поминат 200 метри пред да бидат спречени од талибанските борци.
Околу 10 Авганистанки денеска накратко протестираа во Кабул поради одлуката на талибанските власти да носат бурка на јавно место.
Насобраните жени од кои повеќето со непокриени лица, извикувајќи слогани против носењето бурка, успеаја да поминат 200 метри пред да бидат спречени од талибанските борци.
Талибанците мирно го прекинаа протестниот марш и им рекоа на новинарите кои се собраа да се разотидат.
Властите во Кабул во саботата наредија дека сите жени во Авганистан мора да носат бурка на јавни места.
Сличен декрет беше на сила за време на претходното владеење на Талибанците од 1996 до 2001 година.
Талибанците претходно одлучија дека девојчињата можат да одат на училиште само до шесто одделение.